На тетовскиот транссексуалец Андреа Јакимовски, првиот маж во Македонија што го менува полот, му беше изречена судска пресуда за затворска казна по тужба од неговата сопруга, пренесува Вест
Андреа е осуден бидејќи не плаќал алиментација за двете деца една година, а и сопругата го тужела дека ја вознемирувал. Судот пресуди за една година да ги врати парите ако не ќе мора да оди 6 месеци во затвор. Судијата на трансексуалецот му се обраќа во машки род, а андреа пак за себе зборува во женски род.
,, две години не сум ги видел моите две дечиња, ги сакам најмногу на свет но немам пари од каде да платам. Живеам од пензијата на моите родители,, вели за Вест.
Андреа Јакимовски сеуште во документите е маж иако вели за да стане жена му недостасува уште отстранување на половиот орган, но хормонски и по изгледот тој е веќе жена. Пред 10 години бил полицаец во Тетово но поради промена на изгледот ја загубил работата и сега нема приходи. На судењето присуствуваа и преставници на хелсиншкиот комитет бидејќи ова е прв ваков случај во Македонија. Пресудата ги стави во дилема институциите. Имено, тој вели дека ќе се убие ако лежи во машки затвор.
,, 100 посто сум сигурна дека таму ќе ме силуваат, јас сум сега атрактивна жена, а затворениците не виделе жена некои и подолго време. Сигурно ќе си ги задоволат сексуалните страсти со мене, тоа ќе ми остави траги а никој нема да одговара знам. Ако морам да лежам нека ме стават во женски затвор, таму ќе сум безбедна и јас и моите цимерки, моја нога во машки затвор нема да стапне, ќе се самоубијам претходно ако треба,, вели Андреа за ВЕСТ.