Ќе се врши експертиза за состојбата на мостот Гоце Делчев


Дванаесет години по завршувањето на претходната санација на мостот Гоце Делчев, повторно ќе се утврдува моменталната состојба во која се наоѓа овој важен инфраструктурен објект во центарот на Скопје.

Most Goce Delcev 0301Градската управа е во потрага по субјект што ќе изврши експертиза во однос на одржувањето на мостот во изминатиот период и ќе ја прикаже неговата сегашна состојба. Заинтересираните за учество во тендерската постапка ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 26 август.

По изработката на експертизата ќе се знае дали ќе биде неопходна повторна санација и во која насока би требало да се одвива натамошното одржување.

При пуштањето во употреба на реконструираниот мост во 2002 година, тогашното градско раководство најави дека тој ќе биде безбеден за сообраќај во наредните 20 години, врз основа на гаранцијата од францускиот изведувач на работите „Фресине“.

Самиот инфраструктурен објект претставува проблематичен бидејќи се појавиле пукнатини кај носечките столбови само една година по неговото отворање за сообраќај на почетокот од 80-те години на минатиот век. Пред последната реконструкција на мостот било утврдено дека носечката плоча е пропадната за десетици сантиметри. Каква е постојната состојба во која се наоѓа објектот ќе покаже најавената експертиза.

Градот Скопје пред три години ја промени дотогашната ограда на мостот Гоце Делчев и на нејзино место постави барокна ограда и ново осветлување. Претходно, во текот на август 2010 година, беа поставени и четири лавови тешки по неколку тони на самите приоди кон ова здание. И двата зафати беа дел од проектот „Скопје 2014“.
build.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1