Поштар е убиецот од Вевчани -уби 2 лица меѓу кои и сопственикот на кафулето


Две лица починаа по пукањето во Вевчани кога едно лице упаднало во угостителскиот објект „Пјаца“ и пукало во 4 лица кои седеле во кафулето

policija-skopje1-540x320Полицијата го фати осомничениот за двојното убиство во Вевчани што се случи вчера околу 21 часот во кафеаната Пјаца.Пукањето се случило околу 21 часот во кафеаната Пјаца, каде осомничениот влегол и, според очевидци, со пиштол испукал цел шаржер кон гостите.Осомничениот за двојното убиство е поранешен вевчански поштар кој цели 20 години не се појавил во селото и бил во бекство поради големи коцкарски долгови.

Владо Попески, сопственик на кафеаната Пјаца и Матеј Ѓурчески се убиените вевчанци во синоќешниот тежок инцидент во Вевчани. Ранети се и Илија Пржитоски и Горан Коруноски. Осомничен за убиството е поранешниот вевчански поштар Здравко Србакоски. Сите петмина се од Вевчани.

Тој, пред неколку дена се вратил во Вевчани и имал расправија со Попески и пак заминал. Синоќа Србакоски се вратил во Вевчани, влегол во кафеаната Пјаца, побарал пари од Попески, по што настанала вербална расправија и во еден момент поранешниот вевчански поштар го извадил пиштолот. Тој испукал цел шаржер куршуми. Еден од убиените починал во кафеаната, а вториот на пат за болница. Двајцата тешко ранети се хопитализирани во струшката болница и во охридската болница Свети Еразмо.

Убиецот избегал кон планината, но полицијата го пронашла и го притворила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1