„Бебето ме спаси од сигурна смрт“ – вели мајката која поради анорексија имала 31 килограм.
На Лори Вилсон, која сега има 28 години, докторите и кажале дека никогаш нема да може да има дете поради штетите кои сама си ги нанела на својот организам со изгладнување.Таа се борела со анорексија од својата 21 година, а два месеци по својата венчавка на која имала едвај 38 килограми завршила во болница за ментално здравје.
Таа раскажува дека постанала опседната со тоа дека треба да ја намали својата тежина за својот голем ден, затоа што нејзиниот вереник и понудил брак во 2006 година.
„Преживував со кафе и диета со кока кола и правев 700 стомачни дневно. Имав само еден оброк во денот и тоа секогаш беше пет парчиња боранија и една коцка чоколадо“ – вели Лора.
„Возбудувањето кога ќе видев дека килограмите исчезнуваат не можеше да се спореди со ништо“ – раскажува таа.
Нејзините проблеми ја достигнале критичната точка кога се вратила од меден месец со вкупна телесна тежина од само 31 килограм. Се согласила на лекување и со помош на лекови полека стигнала до 44 килограми.
Нов удар следел кога докторите и рекле дека нема да може да има дете бидејќи пет години немала менструација.
Нејзиниот очај се претворил во радост минатиот март кога открила дека е бремена веќе седум месец. Родила здраво машко дете тешко 2 килограми и 800 грама.
Лора вели дека сега строго води сметка да се храни здраво и планира да го обнови венчалниот завет со својот сопруг за овој пат навистина да ужива во својата венчавка.