Сведоштво: Ножот од Света Петка – Брајчино, магичен!


Пред повеќе од дваесеттина години една млада невеста од Преспа, имала проблематична бременост. Го изгубила бебето. Сонувала сон да го земе стариот нож од црквата Свете Петка од Брајчино и цела година да го држи под својата перница. Направила така. Родила од Бога дарувана прекрасна ќерка. Напредувала вртоглаво во секое поле во животот. Тоа ни го кажа самата таа.


Во потрага по вистината отидовме во црквата. Луѓето кои се грижат за оваа манастирска црква, не сакаа ништо да ни кажат за ножот (можеби само на оние кои го сонувале), но ни рекоа дека и другу луѓе по сон дошле да бараат лек тука, мајка од Полска за своето болно дете сонила сон и дошла во Брајчино. И постојано доаѓала.

Друга, неверојатно чудна работа не слушнавме, освен што изворот на лековита вода која е веднаш до манастирчето цела година е пресушен, само малку протекува на седми август, вечерта спроти празникот, и на осми август кога се слави празникот на манастирот, повторно секнува.

Манастирот датира одамна, тука било училиште за монаси. Според експерти живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Потоа манастирот и конаците биле руинирани, а војниците од караулата за време на СФРЈ оставале пораки, пишувале по ѕидовите, го дозапустиле местото.

Инаку, во сите преспански села има-ло по неколку цркви а во Брајчино денес има четири.

Иницијатива за враќање на стариот сјај се појавила во 1978 година, кога жиелите на Брајчино сами ја почнале обновата на конаците, без донации, а главното обновување почнало во 1995 година, кога селскиот одбор одлучно дал иницијатива да се обнови манастирот и конаците, без да му се сони некому мистериозен сон.

Манастирот посветен на Света Петка, во непосредна близина над селото Брајчно, е еден од позначајните споменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај.


Мештанинот Спиро Шајновски (роден во 1886 година)сведочи дека првобитниот конак бил на јужната страна.

Конаците се градени во 1910 година , на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Денес, за да се дадат се подобри услови за луѓето кои доаѓаат тука, а некои и преспиваат, се е обновено, конаците, фасадата, чардаците, скалите, има кујна, две трпезарии, гостинска соба за дневен престој, владичка соба, три соби за преспивање со нови кревети и чиста постелнина.

Од манастирскиот туризам кој се одвива овде, се собираат парите за дореновирање, а потребни се 5.000 евра за изградба на камбанарија над манастирот, обнова на чешмата, и доколку веќе не може да се соберат со селски пари, треба да се јави некој донатор.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1