Ќе згасне продукцијата на „Гранд“?!


Комисијата за заштита на конкуренцијата наложи истрага на „Гранд“.

Поради трансакции спротивни на решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Гранд му се заканува казна во висина од 10 проценти од вкупните годишни приходи, а тоа се најмалку 35,6 милиони динари (грандовци во 2013 година имале приход од 356.505.000 динари).grand

Претседателот на Комисијата Милоје Обрадовиќ вели дека после деталниот увид утврдено е дека во случајот на Гранд продукција навистина не е почитувано решението на Комисијата.

На основа на податоците на ден 29 јануари 2014 конструирано е како двочлено друштво. Бројот на членови и нивните удели не се усогласени со решенијата на Комисијата, која одлучувала околу концентрацијата на сопствеништвото. Затоа ќе преземеме соодветни активности од областа на нашите надлежности за доследно да се применува Законот за заштита на конкуренцијата, истакна Обрадовиќ.

Претходно Комисијата имаше друг одговор, но Обрадовиќ вели дека тоа било констатирано од документи кои грандовиот адвокат тогаш им ги доставил. Сега ситуацијата на лице место била сосема поинаква.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1