Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет. најдобро е да го подготвите во домашни услови.
Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех.
Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор.
Повеќе за тоа што лечи кефирот на следниот – ЛИНК
Kефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.
Подготовка
Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир.
Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.
За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко ( кравјо, овчо, козјо ).Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.
Постапка на следниот – ЛИНК – BabinLek.com
Подготовка на ВОДЕН КЕФИР
Зрнцата од млечниот кефир, ако добро се измијат со вода за да се отстранат трагите од млекото може да се припремаат со вода, како т.н. јапонски кристали.
Со овој начин на припрема, кефирот останува пробиотик со сите негови својства, само што добиваме поинаков вкус на пијалокот кој всушност е газиран сок.
потребно ви е:
- една стаклена тегла од 750мл
- дрвена лажица за мешање
- газа или филтер за кафе за да се покрие теглата
- пластична цедалка
- 3-4 лажички габички кефир, добро измиени со вода
- 3 лажици шекер
- 1/2 л вода
- десетина зрна суво грозје
- половина лимон
- суво овошје за вкус по желба