Кекеновски исклучен од ВМРО-ДПМНЕ


На иницијатива на основачите и ветераните, Јово Кекеновски е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, пишува Република.мк.

Како што пренесува порталот на иницијатива на повеќе основачи, ветерани и членови на  општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, дисциплинската комисија на општинскиот комитет донесе одлука за исклучување од партијата на Јово Кекеновски.jovekekenovski

Во причините за исклучувањето се наведуваат обидите за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и делување во спротивност на политиките и определбите на партијата.

Претседателот на Општинскиот комитет од Бутел, Боби Бојчевски, ја потврди информацијата за исклучување на Кекеновски додавајќи дека иницијативата дошла изворно од повеќе членови на партијата кои укажувале за повеќекратно прекршување на статутот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кекеновски и кои отворено искажувале незадоволство од неговото однесување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1