Не ми е јасно како е можно претседателот Ѓ. Иванов да донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија!?, пишува професорот Јове Кекеновски на својот профил на Фејсбук.
„Колку што мене ми е познато:
1. Со општ акт неможат да се сопрат сите кривични постапки кои се водат
2. За секој случај поединечно треба да се донесе посебно решение, (што не е направено или не знаеме дека е направено)
3. Во решенијата треба за секој поединец кој е опфатен со кривичната постапка, да се наведе правниот основ, име и презиме на лицето, делото или делата за кое се однесува актот како и образложение на причините за донесувањето
4. Бидејки кривичните постапки се во тек, не е можно судијата кој го води предметот да ја стопира постапката врз основа на општ акт.
Со груба злоупотреба на ингеренциите, Иванов оневозможи правдата да дојде до израз.