Келнерка 4 години им плукала во ручекот на парламентарците


Украинска келнерка признала дека повеќе од четири години на парламентарците им плукала во храната. Добила отказ во парламентот во Украина, а после објаснила дека тоа бил начин за нејзина освета, поради тоа што политичарите ја уништиле државата.

Скандалот избил откако застапник на Комунистичката партија, открил дека некој му плукнал во супата.
Кратката истрага доведе до името на келнерката Јулија Боршченко, која наскоро добила отказ поради своето однесување.
Таа сепак тврди дека не жали поради својата постапка и дека со тоа го искажала својот политички став.

„Вие мислите дека ние во парламентарниот кафич имаме добри плати? Тоа не е вистина затоа што околу 390 долари не е ништо кога живеете во украинскиот главен град. Таму работев четири години само затоа што имав прилика да им се осветам на парламентарците за тоа што им го направија на луѓето и на државата“, изјавила Боршченко и додала дека не жали поради тоа што го направила.
По кратката кариера, келнерката сега ја започнува новата кариера како писател.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1