Иако публиката го обожува, Ѓорѓе Балашевиќ ретко се појавува во медиумите, а особено во последно време. Сепак, неговата ќерка реши да зборува пред камерите и да открие нешто што досега не сме го знаеле за него.
Јована Балашевиќ од неодамна стана мајка, а пред неколку месеци ја покажа својата беспрекорна линија по породувањето. Таа сега ужива во својот семеен живот, но реши да открие детали од нејзиниот живот во улогата на ќерка.
„Кога го побараа новинарите, тие му рекоа… ете го правите вашиот последен концерт во Белград. Не знам што точно мислеа, но секако се шегувам со татко ми, бидејќи тој сака да зборува за смртта“, изјави таа.
Можеби ова би им звучело мрачно на неговите фанови, но актерката додаде дека нејзиниот татко во смртта пронаоѓа инспирација.
„Тој дури сака да пишува на таа тема, а пишува и песни за она што најмногу не боли. Таму е неговата инспирација, па се шегуваме со него на таа тема. Мојот татко, сега и дедо е сеуште витален, уховит, расположен, па веројатно поради тоа се шегува на тема – смрт“, додава Јована.