Ќерката на Обама и жртвите на Вајнстин нема да добијат пари


Ќерката на Барак Обама Малија на почетокот на минатата година го приведе својот стаж кон крајот во компанијата на чие чело беше продуцентот Харви Вајнстин. Компанијата на Вајстин минатата недела прогласи банкротство.

Малија е само една од попишаните лица на 394. страници на кои компанијата им должи пари. Ќерката на поранешниот претстедател на САД Барака Обама нема да ја добие својата плата, како ниту Роберт де Ниро, Џенифер Лоренс, Мајкл Беј, Даниел Редклиф, Сет Роген и Хајди Клум. Најмногу ќе изгуби компанијата „Састрако“, на која и должи 17,4 милиони долари.
Прогласувањето на банкротство минатиот понеделник значи дека прво ќе се исплатат осигураните кредитори, а не злоупотребуваните жени кои ја тужат компанијата, како и дека ниту една жена, ако тоа веќе не го направила, не може да ја тужи компанијата.

„Лантерн капитал“ нуди 424,5 милиони долари за компанијата „Вајнстин“. Таа понуда остава отворени прашања колку пари ќе останат за жртвите на сексуалните злоупотревуња од страна на Вајнстин. Осигурувањето би требало да осигура 30 милиони долари.

Ослободувањето на жените од договорот со кој Вајнстин се обидел да ги замолчи, исто така, значи дека би можело да следува уште еден бран на обвиненија против Вајнстин од оние кои досега се плашеле да проговорат, пишува „Експрес“.

„Њујорк тајмс“ откри дека Вајнстин со децении го следеле обвиненија за злоупотреба, а во текот на последните три децении постигнал барем осум надвор од судот спогодби со жените кои го обвиниле за злоупотреба и несакан физички контакт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1