Ќерката на познатиот тајкун се тркала со друг возач пред да убие 5 лица


Ќерката на познатиот украински олигарх, Алена Зајцева, со “Lexus” се залетала во пешаци на тротоар во градот Харков, и притоа убила пет лица.
20-годишната Зајцева минала на црвено и при брзина двојно поголема од дозволената влетала во групата луѓе.

Новата снимка би можела да докаже дека на семафорот стоело уште едно возило со кое Зајцева се тркала, но по минувањето на црвено изгубила контрола над возилото.

Исто така, откриено е дека Зајцева веќе четири пати досега добивала казни за пребрзо возење.

Иако медиумите пренеле дека во несреќата загинале шест лица, украинското Министерство за внатрешни работи издало соопштение во кое се наведува дека настрадале пет лица, а дека две жени се во тешка состојба. Меѓу загинатите има и 15-годишно девојче, а тешко била повредена и бремена жена.

Како што пишуваат медиумите, на местото на несреќата веднаш се појавиле два џипа со вооружени телохранители, кои ја штителе Зајцева од бесните сведоци.

Зајцева е ќерка на мултимилионерот Василиј Зајцев, директор на локална енергетска компанија.

Полицијата сооптшила дека Алена, на која и е одреден тридневен притвор, во моментот на несреќата не била под дејство на алкохол. Ако биде осудена, и се заканува затворска казна од 10 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1