Боби Кристина Браун, ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун, синоќа околу 20 часот е исклучена од апаратите за одржување на животот!
Најтешката одлука ја донесе нејзиниот татко Боби Браун и им дозволи на лекарите да ја исклучат ќерка му од апаратот за вештачко одржување на животните функции.
Боби Кристина Браун (21), ќерката на трагично починатата пејачка Витни Хјустон и Боби Браун, е пронајдена пред неколку денови во када, без знаци на живот. Ја пронајде нејзиниот сопруг Ник Гордон во нивниот дом во Розвел, Џорџија и веднаш и пружил прва помош, додека не дошла полицијата и Итната помош, која ја пренела во болница.
Музичката дива Витни Хјустон, мајката на Кристина, беше пронајдена мртва во кадата пред три години во Калифорнија. Витни почина во 48-та година од животот. Таа беше пронајдена во кадата во хотелскиот апартман 434 во хотелот „Беверли Хилтон“, без свест