– Сакам да завршам факултет. Сакам да бидам докторка. Сакам да сум среќна и насмеана. А, најсреќна ќе бидам кога тато ќе се врати. Сакам да се врати веднаш. Сакам сега да е тука – вели ќерката на Јохан Тарчуловски, Мелани за порталот republika.mk во разговорот направен за време на прославата на осмиот роденден на ќерката на единствениот Македонец осуден од Хашкиот трибунал.
Соња со растреперен глас ја прашува својата ќерка:
– Сакаш сега да одиме и да си го земеме?
Мелани одговора:
– Сакам. И нема да се вратиме без него.
Што ќе направи прво малечката Мелани кога тато ќе се врати дома?
– Прво ќе го однесам во Америка. Сакам да шетаме низ светот. Потоа ќе одиме во Париз. Ќе одиме и во „Дизниленд“ – вели слатката Мелани.
Фото и видео: Република