Ќерките на Обама носат фустани од 20.000 долари (ФОТО)


Малија (17) и Саша (14), ќерките на актуелниот американски претседател Барак Обама,во изминатите години повремено можевме да ги видиме во јавноста, но во последно време „првото семејство“ на САД се почесто се појавува заедно во јавност.b9a00fa2070e28ea67ca106434f3051a

Пред неколку дена, девојките присуствувале на дочекот на канадскиот премиер Џастин Трудо на црвениот килим во Белата куќа, по што се нашле на удар на критиките на јавноста поради скапите фустани кои ги облекле за оваа прилика, при што секој фустан чинел по 20.000 долари. Нивниот настап го изненадил и самиот Барак Обама, кој подоцна искоментирал дека неговите миленички пребргу растат.

Обама меѓу другото е првиот американски претседател кој по речиси 90 години ја посетил Куба. На тој историски момент присуствувале и првата дама на САД, Мишел Обама и ќерките Малија и Саша.

Кога Барак Обала положи заклетва како 44-ти претседател на САД, Америка го доби својот прв црномурест претседател, а светот ја доби новата модна икона на која и се восхитува – Мишел Обама.

При церемонијалното излегување од авионот на претседателската флота „Ер форс уан“, Малија и Саша се појавиле по својот татко Барак и биле покрај него кога ги дочекал кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез. Малија и Саша привлекле големо внимание кај фотографите и не само тоа – тие стануваат најшармантното оружје во борба против кубанските политички „диносауруси“, оценува швајцарски „Блик“.

Како што пренесува „Њујорк тајмс“ во семејството Обама постојат стриктно утврдени правила кога се во прашање патувањата во странство. Малија и Саша може да патуваат со претседателот , доколку патувањето „придонесува за нивното образованите и ако се вклопува во нивниот распоред на обврски“.

Во склад со тоа е утврдена и програмата за посета на Куба, која опфаќа обиколка на Хавана.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1