Ќерките на Путин: Мистерија која го интересира целиот свет


Додека семејството на Барак Обама можеби е и премногу изложено во јавноста, семејниот живот на Путин е една од најдобро чуваните тајни во модерната историја.marija-putin

Ќерките на Владимир Путин – добро чувана тајна

Ќерките на Владимир Путин се една од најдобро чуваните тајни на Русија, а пишани забелешки за нив може да пронајдете само на неколку места на интернет мрежата. Дваесет и деветгодишната Марија, нарекувана уште и Маша, и нејзината две години помлада сестра Јекатерина, нарекувана уште како Катја, немаат профили на ниту една друштвена мрежа, а дури ниту највештите папараци и новинари од американските таблоиди не успеаа да дознаат многу за нив.

Поголемиот дел од Русите велат дека тие не ни знаат како изгледаат ќерките на Путин, па дека не би ги препознале ниту кога на улица би се разминале со нив.

Познато е дека и двете ќерки на Путин посетувале германски средни училишта и дека потоа студирале на државниот Универзитет во Санкт Петербург. Како што наведува “New York Times”, во 2012-тата година, Маша студирала биологија, додека Катја ги студирала азиските култури.kerkite-na-putin-08

За ќерките на Владимир Путин се тврди дека се навистина убави девојки, за што сведочи и една фотографија на Google, а и за двете се знае дека се во стабилни врски. Помладата Катја наводно живее со Николај Самалов, долгогодишен пријател на нејзиниот татко кој бил задолжен за водечки проекти по повод Зимските олимписки игри 2014 во Сочи. Од друга страна пак, Маша е во врска со холандски бизнисмен, Јорит Фасен, кој работи во една руска гасна компанија и живеат во Холандија.
Владимир и Људмила – крај после 30 години долгиот брак

Иако биле во брак дури три децении, Људмила Путин е многу малку позната за јавноста со оглед на фактот дека многу ретко се појавувала со својот сопруг во јавноста. Кога тоа се случувало, најчесто се работело за случувања од исклучително голема важност или избори. Тогаш руските фотографи имале можност да го овековечат парот со шеговит наслов – “Се гледаме за шест години”.

Сепак, се чини дека јавноста најмногу се заинтересира за нивниот однос кога Владимир Путин во јуни 2013-тата година објави дека се разведува од сопругата Људмила.kerkite-na-putin-06

“Ние практично и не се гледаме. Секој води свој живот”, изјави тогаш Путин на конференцијата за новинарите.

Сепак разводот на нивниот брак не означи прекин на нивните односи, ниту пак помалку почит, па претседателот во една прилика изјави дека тој повторно нема да се ожени се’ додека најпрво не ја омажи Људмила.

“Ние засекогаш ќе бидеме блиски. Благодарна сум му што ме поддржува буквално во се'”, изјави тогаш неговата поранешна сопруга.

Спротивностите сепак се привлекуваат или…?

Она малку што се знаело за Људмила, а предизвикувало чудење во јавноста е фактот дека таа е всушност карактерно сосема спротивна од својот сопруг. Људмила е многу религиозна, па одреден период после разводот таа го минала во Манастир.

Книгата “Кршливи пријателства” од 2001-вата година предизвикала големо внимание во јавноста поради увидот во приватниот живот на Путин, а ја напишала Ирене Пјетш, поранешна пријателка на Људмила и сопруга на еден хамбуршки банкар со кој Путин соработувал во 1995-тата година.
kerkite-na-putin-05
“Нажалост, мојот сопруг е вампир”, наводно во шега изјавила Људмила за својот сопруг, а тој возвратил дека кој би издржал со неа барем три недели е вистински херој на кого треба да му се подигне и споменик.

Во книгата пишува дека Људмила е заљубеник во астрологија и дека обожува да разговара на таа тема, што особено го нервирало нејзиниот сопгур кој веднаш сакал да ја смени темата.

“Таа говореше дека Владимир Путин е вистинскиот маж за неа бидејќи не пие и никогаш не крева рака врз својата жена. Единствено што не сакала таа се неговите средби до доцните часови со пријателите”, пишува Ирене.

Во една прилика при посетата на Хамбург, Људмила се пожалила дека сопругот не ја третира како што останатите политичари ги третираат своите сопруги, па така не може во потполност да ужива во својот статус – “Никогаш нема да бидам како Раиса Горбачов”, наводно изјавила Људмила во таа прилика.

Овие две пријателки исто така многу сакале да зборуваат за своите бракови, Бог и културите од кои потекнуваат.

“Мажите мора секогаш да ги читаш меѓу редови”, бил еден од главните брачни совети на Људмила.

Денес, Владимир Путин е посветен исклучиво на војата работа. Неговите ќерки се веке возрасни и живеат свои животи, а Људмила не го сака публицитетот. Ниту еден руски новинар не се осуди да го праша Путин дали можеби има некоја нова љубов, но неговите портпароли истакнуваат дека тој нема во план нов брак и дека моментално е сам.

“Би сакале да ве потсетиме дека приватниот живот на Путин и неговото семејство е табу тема за јавна дискусија и медиумите”, пишуваше во руска “Правда” од 2008-мата година во еден од последните текстови посветени токму на ќерките на Путин, со што мистеријата за нивните животи продолжува и понатаму.

Својот приватен живот Путин отсекогаш го држел во голема тајност. Во руските медиуми еднаш се појави информација дека тој има уште едно дете, син, кој пред неколку години го добил наводно со втората сопруга, Алина Кабаева.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1