Кетрин Денев, Принцезата Рани, Дерил Хана – многу познати го носат Македонскиот рубин


Македонскиот рубин го носат голем број познати ѕвезди од светот на филмот и на музиката.

mak rubin2Примерок од нашиот рубин имаат Дерил Хана и Катрин Денев, пакистанската принцеза Рани, Изабел Ипер, Здравко Чолиќ…. Македонски рубин има и папата во Ватикан, како и голем број државници кои биле во посета на Македонија.

Пред македонската јавност за прв пат и официјално се промовира најважниот македонски скапоцен камен по охридскиот бисер, македонскиот рубин. Во рамките на изложбата на накит која беше отворена вчера вечер, а ќе трае и денеска (сабота) во Порта Македонија, од 11 до 20 часот пред јавноста ќе биде изложен рубинот

Македонскиот рубин се карактеризира со специфична малина – розева боја. Според досегашните истражувања своето дејство најмногу го пројавува врз срцевата чакра и срцето, растопувајќи ги гневот и крутоста кај лицата кои го носат.

Покрај овие својства Македонскиот Рубин мошне нежно ја стимулира работата на срцевиот мускул и поттикнува на простување и сочувство со другите. Овој наш ендемичен минерал веќе е прифатен како синоним за вистинска и безрезервна љубов!

dsc_0330

Ова е еден од најмоќните минерали кога станува збор за проектирање и складирање на енергија. Делува врз сексуалните енергии и ја буди жедта за животот.

Одличен е за личности кои имаат потреба од повеќе акција во сопствениот живот. Обоеност: црвен. Основни карактеристики: Страст, храброст, свесност.

Рубинот кореспондира со коренската чакра и ја поттикнува кундалини енергијата. Ја качува сексуалната енергија од половиот регион и ја усмерува кон срцето, трансформирајќи ја во вистинско љубовно уживање.

Терапевтски својства: Темелно ја прочистува крвта и го регулира циркулаторниот систем. Ја стимулира плодноста и го балансира менструалниот циклус. Исто така се користи и како стимулатор на надбубрежните жлезди, бубрезите и слезината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1