Видео: Апсењето на фалсификаторите кои правеле фалс бугарски пасоши за 200 евра


Министерството за внатрешни работи до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ќе поднесе кривична пријава против еден бугарски и пет македонски државјани на возраст од 24 до 58 години поради основано сомнение дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“, ,,Фалсификување на пари“ и „фалсификување на исправа.

Во соработка со полицијата на Р.Бугарија , а во координација со СЕЛЕК центарот од Букурешт во текот изминатава година беше спроведена заедничка меѓународна истрага за сузбивање на  криминална група која дејствувала подолг временски период на подрачјето на  Р.Македонија и Р.Бугарија и вршела набавка и пуштање во оптек на фалсификувани евра, како и изготвување  и продажба на фалсификувани исправи (фалсификувани бугарски лични карти и возачки дозволи како и фалсификувани македонски уверенија за неосудуваност, фалсификувани лекарски уверенија од македонски здравствени установи, фалсификувани МКД изводи и др.).

apsenje otpadКриминалната група фалсификуваните евра и фалсификуваните исправи ги набавувала од Р.Бугарија, а за нивна изработка и набавка  бил задолжен пријавениот бугарски државјанин В.Г.Членот на криминалната група П.В. имал обврска во РМ да наоѓа и ангажира лица членови на  здружението, кои ќе вршат превземање на фалсификуваните исправи и фалсификуваните евра  од Р.Бугарија, потоа пронаоѓање на заинтересирани лица за фалсификувани исправи како и пуштање  во оптек на фалсификуваните евра во РМ и нивна понуда  и продажба на лица во РМ или на  лица државјани на  соседните држави.

С.Г. и Д.К. биле задолжени за транспорт (пренос) на фалсификуваните исправи и парични средства од Бугарија до Македонија, како и понатамошно пуштање во оптек на фалсификуваните евра.А.К. и Б.К. биле задолжени за пронаоѓање на лица од земјава заинтересирани за набавка на фалсифкувани бугарски и македонски фалсификувани документи. Профитот кој го остварувале се состоел од процент од вредноста на банкнотата која ја продавале(25% до 30% од номиналната вредност), како и 200 до 300 евра од изготвена фалсификувана исправа (во зависност од видот, квалитетот и бројот на фалсификуваните исправи кои се изготвувале за едно лице),  односно околу 200 евра за фалсификат бугарска возачка дозвола и лична карта. Цената за  фалсификат лекарско уверение од македонски институции и фалсификатот уверенија за неосудуваност од македонски судови ја наплаќале во цената за целокупната постапка за  добивање на бугарски патни исправи, или во одредени случаи посебно.Исто така без разлика дали се работело за фалсификувани документи (кој ги обезбедувале пријавените) или оригинални (кој ги обезбедувале лицата што сакале да аплицираат за бугарски  исправи), за  помошта/посредување  при аплицирањето за легални  бугарски исправи и други документи криминалната група наплаќале по најмалку 200 евра.

За време на спроведувањето на операцијата, под име „Студент“, заради обезбедување на докази беа спроведени  претреси во домовите на пријавените лица како и контрола на возилата со кои криминалната група вршела транспорт на фалсификуваните документи и пари како и други оперативно тактички мерки, при што се обезбедени докази дека од страна на криминалната група, лани и годинава биле набавени 18 банкноти од по 50  фалсификувани евра и 33 банкноти од по 100 фалсификувани евра, со намера спротивно на законските прописи на Р.М, да ги пуштат во нелегален промет во РМ. Со вештачење од НБ на РМ е потврдено дека одземените банкноти се фалсификувани.Исто така при претресите обезбедени се докази дека  криминалната група во истиот период изработила, набавила, продала или употребила поголем број на фалсификувани бугарски и македонски документи за кои со вештачење е потврдено дека не се оригинални. Со горенаведените дејствија криминалната група се стекнала со имотна корист во вкупен износ од најмалку 2.010.000,00 денари.

Во рамките на меѓународната операција во Р. Бугарија беа лишени од слобода 9 лица членови на криминална група, запленети се 21 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра, фалсификувани лични документи и откриена е работилница за подготвување на фалсификувани документи во Бугарија.

Денеска беа преземени мерки и активности за лишување од слобода на 5 лица кои се кривично пријавени во Р.Македонија при што се пронајдени и приведенитри лица, едно лице се наоѓа на издржување на мерка притвор за сторено претходно кривично дело, а две лица се недостапни за органите за прогонот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1