КФОР утринава потврди дека е во тек операција на Косовската полиција која по налог на Обвинителството во Приштина се одвива на Косово, како и косовските власти и КФОР тврди дека акцијата на северот од покраината се одвива во оквир на борбата против криминалот.
-Операцијата на Косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството на територија на цело Косово, не само на северот, и не е вперена против криминалот на Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал – рекол за Танјуг портпаролот на командата КФОР, Винченцо Грасо.
-Ние засега ја следиме ситуацијата, во контакт сме со властите во Приштина, но отворени ни се комуникации со Србија – вели Грасо.
Според неговите зборови, станува збор за полициска акција каква се случувала во минатото, така што КФОР само ја следи ситуацијата.
Тој го искоментирал и стаков на сите српски државници дека КФОР треба да направи нешто по ова прашање.
-За тоа и порано се дискутираше, ни не се мешаме во акцијата на полицијата, додека не ни побараат да интервенираме – рекол Грасо.