Третоосомничениот во Рекет, Зоран Милевски Кичеец, кој е единствен од тројцата осомничени кој призна вина, доби три години затвор за делото.
Судијката денеска истакна при изрекувањето на пресудата, дека се земале во предвид фактот дека има малолетни деца, дека има родители за кои води грижа само тој, дека го признал делото, соработувал и помогнал во случајот.
Неговите адвокати во изјава за медиумите најавија дека ќе се жалат на пресудата бидејќи според нив таа е превисока.
До отслужување на казната тој ќе биде во домашен притвор