Прва пресуда за „Рекет”: Три години затвор за Кичеец


Зоран Милески Кичеец кој е третоосомничен во случајот „Рекет”, доби казна од три години затвор, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

Судијката истакна дека се ценела околноста дека ја признал вината и дека досега немал кривична постапка, како и придонесот за ефикасно завршување на постапката.

Кичеец има право на жалба во рок од 15 дена на пресудата.

Вчера само тој од осомничените призна вина за делото кое му се става на товар.

Од друга страна, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни.

Во Основниот кривичен суд во Скопје вчера се одржа првото рочиште за судскиот процес на годината „Рекет“. Судењето започна со доцнење од 45 минути поради здравствени проблеми на Боки 13 – повраќање и бил тешко контактибилен.

Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1