Кичевчанец пукал во братот


Полицијата од Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(53) од Кичево за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

pištoljНа 21 мај годинава, во Кичево на ул. „Исеин Акиоски“ во дворно место по претходна расправија помеѓу пријавениот и неговиот брат пријавениот од пиштол „ЦЗ Застава“ калибар 6,35 мм кој го поседувал без одобрение испукал неколку куршуми кон неговиот брат нанесувајќи му тешки телесни повреди.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1