Кичевчанец силувал малолетна ќерка која забременила: Отслужил се вратил и го повторил болниот злочин повеќе пати!


Бајрам Велиоски (55) од селото Пласница кај Кичево кој во 2009. година беше осуден на осум години затвор поради тоа што ја силувал и забременил тогаш својата 16-годишна ќерка, по отслужувањето на казната затвор повторно го повторил делото во повеќе наврати на сега веќе полнолетна 24-годишна ќерка.

Монструозниот чин се случил во делот на селската џамија каде живее неговото семејство, во ноември минатата година. Од тогаш Велиоски се наоѓа во притвор и чека ново судење за родосквернавење

Монструмот од кичевското село Пласница прв пат ја силувал својата ќерка 2008. година кога и забременила. Бременоста 16-годишната ќерка ја приметиле на училиште каде тогаш учела, по што била сместена во домот за доенчиња во Битола.

По првата пријава за родосквернавње таткото завршил во затворениот дел во душевната болница во Демир Хисар, каде што бил под засилен надзор. Откако доказите покажале дека тој го сторил делото, бил осуден на 8 години затвор, кои ги поминал во Идризово.

Додека тој се наоѓал во затвор, неговата сопруга која е со пречки во развојот се грижела за двете ќерки и син. Девојчето што било злоставувано продолжило да оди во училиште, а со неа постојано работеле социјалните служби.

Кога во октомври минатата година излегол од Идризово, Велиоски повторно се вратил на местото на злосторството, каде што пред девет години ја силувал и забременил сопствената ќерка. Лани во октомври се сместил таму и останал да живее заедно со сопругата и децата. Девојката на полицијата ѝ кажала дека злоставувањето се случило неколку пати, но таа молчела од страв сѐ додека нејзината мајка не заминала во Центарот за социјални грижи во Кичево, каде што на одговорната за овој случај ѝ кажала дека се сомнева оти таткото ѝ го прави истото на девојката.

Од Идризово за мкд.мк изјавиле дека Бајрам Велиоски го напуштил затворот во ноевмри мината година, неколку месеци пред да му истече казната затвор поради законските предности кои им следуваат на осудените лица.

 

mkd.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1