Деветнаесет годишна девојка од Кичево вчера попладне пријавила дека истиот дека околу 16 часот додека се движела пеш кон нејзиниот дом била нападната.
-Зад неа одело непознато лице кое и се доближило и со употреба на физичка сила допирајќи ја по телото се обидел да изврши полови дејствија. Притоа се слушнале звуци во близина од кои сторителот најверојатно се уплашил и избегал, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кичево. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.