Вчера околу 10.15 часот во Кичево, пред влезот на семејната куќа, М.Ј. го пронашол починат таткото на неговата сопруга В.И.(69). Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.