Странските агенции ја пренесоа изјавата на властите од градот Сабрата, каде е извршено киднапирањето, дека тие според телефонските апарати се лоцирани и дека не ги минале пунктовите надвор од градот.
Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Вељко Одаловиќ од либиските власти добил уверување дека киднапираните службеници ќе се вратат во следните 48 часа.
„Едно лице е уапсено, од каде може да се добијат информации. Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, така што очигледно е дека постои подготвеност на либиските власти лојални на владата во Триполи да ја решат ситуацијата. Досега никој не ја превзема одговорноста за киднапирањето. По се изгледа се работи за криминални групи“, изјави Одаловиќ.
Во колоната од три возила биле и амбасадорот Оливер Потежица, неговата сопругата и синовите. Киднаперите исценирале судар а потоа ги киднапирале возачот и службеничката притоа пукајќи кон амбасадорот и лицето од либиската служба за безбедност на амбасадорот кој бил во третото возило. Тој е ранет во пукањето.
Двајцата службеници- аташето Слаѓана Станковиќ и возачот Јовица Степиќ се киднапирани вчера во градот Сабрата на пат кон Тунис. Градот Сабрата се наоѓа на 60 километри од Триполи, и се смета за центар на екстремизмот во Либија, каде дејствува алијансата „Фажр Либија“.