Ова се напаѓачите од Клинички


Во лекарот пукал Имер Никшиќ, а причина било незадоволство од третманот во болницата каде што во текот на ноќта починала неговата мајка.

По крвавиот настан што утринава се случи во Клиничкиот центар, на Одделението за дигестивна хирургија, при што е ранет лекарот Љубомир О. , приведени се  Јакуп Изаири (1985), Абдул Наим Никшиќ (1979) и Имер Никшиќ (1981) сите од Скопје, неофицијално донава „Нетпрес“ од полициски извори.Screenshot_140

Во лекарот пукал  Имер Никшиќ, а причина било незадоволство од третманот во болницата каде што во текот на ноќта починала неговата мајка.

Тој заедно со другите двајца направиле вистинска вооружена драма на клиниката. Воедно пукале и кон медицинска сестра, но за среќа таа не е погодена.

Ранетиот лекар, кој имал три прострелни рани во делот на ногата, веднаш е опериран, и за среќа не изгубил многу крв и е вон животна опасност.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1