ВИДЕО: Снимка од пукањето во лекарот на Клинички – „Бегај да не пукам и во тебе“


Граѓанин на околу 30 години, незадоволен што мајка му починала на Абдоменална хириргија, пукал утрово во дежурниот лекар Љубомир Огненовиќ (41). Лекарот има две прострелни рани во едната нога, но е опериран и е надвор од животна опасност.Screenshot_140

Жената била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба.

Неофицијално, синот утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал 4-5 куршуми, пукал и во сестрата, но неа ја промашил. На излегување избуткал друг лекар кој во тој момент се нашол пред канцеларијата на дежурниот лекар и му се обратил со зборовите: „Бегај да не пукам и во тебе!”.Screenshot_141

Телевизијата ТВ21 објави видео од Клиниката снимено по пукањето во кое ранет беше еден лекар.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1