Киднаперот во Сиднеј е ирански бегалец, самопрогласен шејк, силувач и убиец


Иранскиот бегалец Ман Харон Монис е вооружениот маж што веќе 15 часа држи во заложништво вработени и посетители на едно кафуле во Сиднеј.

Монис, кој самиот се нарекува шеик, бил осуден за сексуални напади, соучесство во убиство, а познат е и  по тоа што испраќал писма со пораки на омраза до австралиските војници што се борат во Авганистан.man-haron-monis500

– Сега повеќе нема оперативни причини името да го чуваме за себе, изјави анонимен полициски претставник.

Киднаперот, претходно, предупреди дека во кафулето се поставени две бомби, а во центарот на градот уште две, а побарал и да му биде доставено знаме на Исламската држава и да разговара со австралискиот премиер Тони Абот.

Компанијата „Линт“ во чија сопственост е кафичот, соопшти дека најверојатно во објектот се наоѓаат десет вработени и 30 гости.

Телевизијата Канал 10 објави дека нејзини репортери разговарале со двајца киднапирни во кафичот „Линт“, кои изјавиле дека киднаперот има серија барања. Според нив поставени се четири бомби, две внатре во кафулето и други две во бизнис центар во Сиднеј, се наведува на „Твитер“ профилот на телевизијата.Untitled-12-650x325

Засега нема потврда од полицијата за барањата на киднаперот. Централниот плоштад во Сиднеј е евакуиран, а повеќе стотина полицајци го држат под опасада кафулето-продавница за чоколади „Линт“, на чиј прозор е поставено црно знаме со бели арапски букви.

Според очевидци станува збор за знамето „шахада“, на исламската афирмација на верата и исламот, на кое пишува „Не постои Бог освен Алах, Мохамед е божји гласник“.

Вработените од околните канцеларии се евакуирани, а полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови и да не излегуваат на прозорците. Просторот околу кафулето е целосно опкружен од полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1