Против скопјанец полицијата поднесе кривична пријава под сомение дека тој во понеделникот киднапирал кумановка со намера да ја силува, па кога таа го одбила, по неколку часа ја ослободил.
Инцидентот се случил во понеделникот утротот кога Ј.Г.(24) со автомобил и го попречил патот на 19-годишната кумановка додека таа одела кон работа. Веднаш и се заканил дека ќе ја убие доколку не влезе во неговоиот автомобил.
Девојката иако во почетокот се спротивставувала на неговата наредба, но сепак влегла во возилото по што тој со голема брзина го напуштил местото и се упатил кон селото Јурумлери. Кога пристигнале во селото насилно ја извадил од возилото и ја внел во куќа во која што немало никој.
Откако ја затворил влезната тој почнал да ја мава и да ја малтретира присилувајќи ја на полови дејствија. Иако смртно преплашена и претепана девојката цело време одбивала да има секс со него, по што тој по неколку часа од киднапирањето сепак се одлучил да ја пушти.
Малтретираната кумановка откако ја напуштила куќата веднаш по ова случајот го пријавила во полиција по што скопскиот насилник бил приведен во полиција.
Вест