Еве трик како да го одзатнете одводот без хемикалии


Затнатиот одвод на мијалникот, кадата, туш кабината, WC шолјата… се користат хемиски средства, не знаејќи дека постои еден поедноставен и супер начин.

zapusen odvodПотребни ќе ви бидат само обична сода бикарбона и лимонтус или обичен алкохолен оцет

Налејте во „запушениот“ одвод половина чаша лимонтус и иста количина сода бикарбона.

Со слаб млаз сипете топла вода, отприлика една чаша.

Ќе ја видите хемиската реакција меѓу содата и лимонската киселина во вид на пенење.

Оваа мешавина ќе ги раствори ситните парчиња од храна, маснотија, коса, ќе ја исчисти нечистотијата и бактериите, што ќе спречи ширење на непријатни миризби. После десет минути пуштете врела вода да го измие одводот. Доколку не сте успеале со првиот обид, повторете ја постапката уште еднаш.

Оваа постапка морате да ја повторите еднаш или два пати, ако е вашиот одвод силно затнат.

365.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1