Русите на готовс: Путин нареди проверка на борбената готовност!


Во екот на кризата со Украина, шефот на Кремљ Владимир Путин наредил проверка на борбената готовност на руската армија стационирана во западниот дел од земјата, кон соседната кризна држава.

217353_putin-afp_fВо проверката е вклучена и авијацијата, изјавил  рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу  за агенцијата Интерфакс. Проверката ќе ја опфаќа подготвеноста за реакција на кризни ситуации и на воена загрозеност на државата, рекол Шојгу.

Маневрите ќе бидат вршени во две етапи и ќе почнат веднаш, а ќе траат до 3. март. Путин и минатите години краткорочно донесуваше одлуки за воени маневри.

Американскиот државен секретар Џон Кери и британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг оцениле  дека Украина не е и не треба да биде бојно поле на кое ќе се судрат Западот и Истокот, апелирајќи за поддршка за Украинците по смената на украинскиот претседател Виктор Јанукович.

ЗАСТРАШУВАЧКА СИЛА: Ова е арсеналот со кој Путин и се заканува на Украина (ВИДЕО)
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1