Видео: Судир на про и анти руски демонстанти на Крим


Илјадници про – и антируски демонстранти протестираат пред зградата на парламентот во Симферпол, главниот град на украинскиот автономен регион Крим. Русите бараат регионот да прогласи независност и да бара помош од Русија, татарската заедница се противи на такво изјаснување.

ukrajina_1393423222_670x0Како што пренесуваат медиумите, меѓу двете страни избиваат помали тепачки и турканици.

Проруските демонстранти бараат локалните власти да не ги почитуваат одлуките на Киев. Оние што ѝ даваат поддршка на новата власт во Киев во најголем дел се припадници на муслиманската заедница, односно се кримски Татари.

Притоа, според медиумите, Русите извикуваат „Русија, Русија“ и „Беркут“, а муслиманите скандираат „Украина“ и „Крим не е Русија“. Полицајците се обидуваат да ги одвојат двете страни, но нејзините припадници се опремени само со гумени палки.

Кримскиот парламент во моментот одлучува дали да одржи седница на која пратениците ќе се изјаснат за официјалната позиција кон новата власт во Киев.

Татарската заедница се противи на таква седница, додека Русите бараат регионот да прогласи независност и да бара помош од Русија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1