Киднапирана малолетничка во Скопје – со сила ја внел во кола и ја однел во Кондово за да ја силува


Во Полициската станица Ѓорче Петров вчера во 19 часот и 50 минути лице од село Кондово пријавило дека истиот ден околу 17 часот неговата 17 годишна ќерка враќајќи се од училиште, на патот кон село Кондово, односно на местото викано Бошњачко маало, непознато лице од патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки започнал да и довикува да влезе во возилото.policija-skopje1-540x320

Возачот и го попречил патот со возилото, излегол и со употреба на физичка сила ја внел на совозачкото седиште. Потоа се упатил кон мостот на реката Вардар во село Сарај, при што запрел и започнал да ја допира малолетничката по градите и телото, а бидејќи давала отпор, ја претепал, по што ја однел во Кондов, но за среќа биле пресретнати од полициски службеници.

Се работи за 29-годишниот Б.Џ. од населбата Шуто Оризари кој ќе си заработи соодветна кривична.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1