Според првичните информации, насилниците ја однеле на Смилковското Езеро каде повеќе часа физички ја малтретирале барајќи од неа да им препише стан. Според неофицијални информации, ја соблекле гола, ја удирале и и ја скршиле раката на три места. Не можејќи да ја издржи тортурата, жената се согласила да им го препише станот, по што киднаперите ја однеле на нотар, каде што биле уапсени од полицијата.
Заложничка драма во Скoпско Ченто. 48 годишна жена утрово околу 5 часот била киднапирана од три лица од Скопје и повеќе часа држена во заложништво. Како што дознава Maxim од полициски извори, киднаперите насилно влегле во куќата во Ченто каде таа живеела заедно со својот брат. Почнале да ја тепаат и да се изживуваат со неа по што ја ставиле во црн џип и заминале во непознат правец.
Кратко потоа, насилниците повторно се вратиле во куќата каде што се уште бил нејзиниот брат. Почнале да претураат по собите а откако пронашле некои документи, ги зеле и заминале во непознат правец. Братот на киднапираната жена настанот 4 часа подоца го пријавил во полиција.
Полициските алфи вендаш почнале потера и насилниците ги лоцирале на улицата Антон Попов во Скопје. Во брза акција тие веднаш биле уапсени а жената со тешки повреди била префрлена во болница.
Според првичните информации, насилниците ја однеле на Смилковското Езеро каде повеќе часа физички ја малтретирале барајќи од неа да им препише стан. Според неофицијални информации, ја соблекле гола, ја удирале и и ја скршиле раката на три места. Не можејќи да ја издржи тортурата, жената се согласила да им го препише станот, по што киднаперите ја однеле на нотар, каде што биле уапсени од полицијата.
Тројцата насилници на ворзаст меѓу 28 и 57 години во полиција изјавиле дека целиот настан го организирал вработен во Министерството за внатрешни работи – полицаец. Полицијата веднаш трганала по својот колега кој бил уапсен но се уште нема докази дека тој бил организатор на киднапирањето.
Полицијата го потврди настанот и најави мерки за негово целосно расчистување