Бебето Најден е борец и е се подобро – да помогнеме колку можеме – утре на Школка


Донација за Најден – Почитувани хумани луѓе

bebe44В недела (утре) на 14.04.2013 во периодот од 12.30 до 14 часот во Градскиот парк во непосредна близина на Школка, (ќе има табла „Донација за Најден“) веднаш по завршувањето на Женскиот рекреативен маратон, група хумани граѓани ќе се соберат да достават донации за бебето Најден, кое лежи на интензивна нега во Клиничкиот центар Скопје. Оттаму добивме информација дека им е потребно млеко NAN 1, но само доколку донаторот гарантира дека датумот на млекото е со неистечен рок. Тоа значи дека му е потребна и флаширана вода Ладна, Роса или Планинска. Потребни му се тетра пелени за под главчето.

Бебешка козметика за нега, влажни марамици и пелени за новороденче. Потребна е и облека, со големина како за едно месечно бебе. Ве замолуваме доколку донирате облека таа да биде исперена и испеглана. Кој чувствува потреба да достави донација во пари ви ветуваме дека педантно и агилно ќе бидат доставени до Клиничкиот центар. Потребно е сите да бидеме практични и добро организирани. Доколку имате можност донацијата да ја донесете во соодветна картонска кутија ќе ви бидеме благодарни. Имаме возило со кое веднаш после 14 часот ќе ги однесеме пристигнатите донации на Клиника.

Грижата за малиот Најден ја споделуваме сите, секој од нас му пожелува брзо закрепнување и му упатува позитивни и добри мисли. Ве молиме воздржете се да ја контактирате болницата и директорката, тие ќе ви одговорат на вашите прашања доколку ги побарате, но со тоа ги одвлекуваме од нивните обврски околу Најден и сите останати бебиња што се во моментот во болницата. А тоа секако не сакаме да го сториме, оти на сите ним, а посебно на Најден им е потребна нивната целосна концентрација и посветеност. Секоја информација околу неговата состојба ќе ја објавуваме на Фејсбук страницата – Да му помогнеме Најден (https://

www.facebook.com/DaMuPomognemeNaNajden?ref=ts&fref=ts).

Се гледаме на Школка

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1