Киднапирана сопругата на еден од најбогатите луѓе во Норвешка


Норвешката полиција денеска објави дека сопругата на милијардерот Том Хаген била киднапирана и дека нејзините киднапери побарале откуп од 9 милиони евра.

Главниот иследник Томи Броеск рече дека Ана-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година, објави АП.

Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор за недвижнини и сопственик на енергетски објекти, е на листата на најбогатите 400 луѓе во земјата, објавена од норвешкото финансиско списание „Капитал”.

Полицијата соопшти дека во пораката пронајдена во нивниот дом источно од Осло е опишано што ќе се случи со неа, ако не биде исплатена откупнина во криптовалутата Монеро.

Деталите на пораката не беа обелоденети, но беше кажано дека киднаперите се заканија со насилство.

Ваквите случаи се многу ретки во Норвешка, земја со ниска стапка на криминал.

Веста за едномесечното исчезнување за првпат беше објавена од „Афтенпостен“ во средата, тврдејќи дека тие го знаеле случајот веќе некое време, но им било наредено да не објавуваат детали за да ја заштитат г-ѓа Хаген.

Се чини дека г-ѓа Хаген беше киднапирана од бањата во нејзиниот дом и имаше „ограничен дијалог” со киднаперите преку интернет.

Во средата наутро, кога „Афтенпостен“ го објави својот извештај, полицијата постави кордон околу куќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1