Кики Лесендриќ од „Пилоти“ се заби во трамвај во Белград


Зоран Кики Лесендриќ, фронтменот на групата „Пилоти“, во саботата попладне предизвикал сообраќајна несреќа во Белград.

Како што дознава српски „Ало!“, тој управувал со својот автомобил марка „ауди“, кога поради неконтролирано возење удрил во трамвај број 13. За среќа, ниту пејачот, ниту патниците во градскиот превоз не се повредени, а направена е материјална штета од 200.000 динари.kiki-piloti

Како што открива извор од лице од местото, пејачот бил многу изнервиран кога видел што направил.

– Сè се одигра во неколку секунди. Кики не виде дека доаѓа трамвај и се заби во него. Речиси цел автомобил е уништен, но никој од луѓето коишто се возеа во трамвајот, како ниту самиот Лесендриќ, не се повредени. Веднаш пристигна полицијата, која изврши увид, а поради целиот инцидент беше запрен сообраќајот во целата улица. Кики цело време беше нервозен, бидејќи не можеше да верува дека тоа му се случило. Полицајците го тестираа Кики на алкохол, но утврдено беше дека Лесендриќ не бил пијан и дека до сударот дошло поради невнимателност – рекол извор за „Ало!“ кој бил упатен во целата приказна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1