Патници повеќе од еден час се заглавени на патот Катланово – Велес. Според информациите на Mknews во моментов има километарска колона од автомобили кои едноставно нема каде да одат ниту како да се вратат назад.
Причината е огромен одрон на патот кој може да се види и од фотографиите на Mknews.
Полицијата веќе го пренасочува соораќајот.
Патниот правец Скопје – Велес целосно е во прекин за сите видови на моторни возила од 12 часот поради голем одрон, соопшти АМСМ.
Станува збор за поголем одрон кој ги зафатил двете коловозни ленти во близина на црквичките.
Засега нема информација кога одронот би можел да биде расчистен.