Километарски колони на македонско-грчката граница по блокадите на Идомен


Стотици товарни возила со стока од Македонија се заглавени на 3 километри пред македонско-грчката граница. Шест километраска колона веќе е создадена од возила по блокадите на бегалците и мигрантите кои беа сместани во Идомени. Тие денес го блокираа патот, протестираат и бараат ЕУ да ги отвори вратите. Тие пред грчкиот полициски кордон ги наредиле децата, а видливи се и десетици шатори кои ги распослаа по асфалтот, објави Канал5.kamionce

Возачите кои ги контактиравме, а се меѓу заглавените стотици возила пред границата велат дека имаат расиплива стока која мора брзо да се транспортира. Грчката полиција засега не превзема конкретни мерки, мигрантите и бегалците ги отстранат од патот. Возачите веќе се нервозни.

Одлуката од 18 март помеѓу ЕУ и Турција за справување со напливот на бегалци и мигранти ,започна да се имплементира денес. Неколку автобуси, денес пристигнаа и на Идомени, но бројката бегалци и мигранти речиси е незабележителна која заминаа назат.Тие одбиваат да враќање кон Турција, велат остануваме овде.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1