Ким Јонг Ун нареди: Сите мажи да имаат фризура како мојата


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наредил сите мажи во државата да се ишишаат така што ќе имаат идентична фризура како него, јавува јужнокорејскиот дневен весник Кореа Тајмс повикувајќи се на Radio Free Asia.

kim-jong-un-Фризурата на нашиот водач е навистина посебна и не му стои секому- вели за radio free asia неименуван извор од Северна Кореја.

Друга анонимна личност која сега живее во Кина за радиото појаснува дека фризура каква што има Ким Јонг Ун во Северна Кореја најчесто носат кинеските шверцери, па меѓу народот е позната како „шверцерка“.

Новата наредба е задолжителна и ќе следи казна ако не се почитува – а ова предизвика негодување кај населението бидејќи и така според западните медиуми во Северна Кореја досега беа дозволени само 18 типа фризури за жени и 11 за мажи

koreja frizuri

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1