Ким Картал до Сара Џесика: Не си ми пријателка, ти си суров лицемер!


Канадската актерка Ким Катрал (61) на 5 февруари дозна дека нејзиниот брат, за кого само 18 часа порано објавила дека исчезнал, всушност, ненадејно починал.

Пораките со поддршка пристигнале од сите страни, помеѓу останатото и од нејзината поранешна многу блиска соработничка и пријателка Сара Џесика Паркер. Кога Сара се обидела да и пружи поддршка, добила ужасен одговор од Ким.

„Мила Ким, ти праќам љубов и сочувство до твоето семејство и мир на твојот брат“, напишала Сара Џесика Паркер.

Оваа порака буквално ја разбеснала Ким и паднале многу тешки зборови.

Ким и Сара, кои и денес ги обожаваме во серијата „Сексо и градот“ во улогите на Кери и Саманта се во многу лоши односи. А, колку на Ким и дошла „преку глава“ Сара зборува и фактот дека јавно и одговорила на пораката со поддршка која и ја упатила.

Имено, многумина помислија дека нешто не е во ред во односот на двете колешки кога Ким одби да го сними третиот дел од популарниот филм, а потоа рече и дека тие двете никогаш не биле пријателки. Иако Сара тогаш изјави дека Ким со оваа реченица и го скршила срцето, следувал нов шок.

„Не ми треба твојата љубов, ниту поддршка, во овој трагичен момент!“, е поракта која Ким ја објавила, а покрај неа напишала:

„Мајка ми денес праша: „Кога таа Сара Џесика Паркер, тој лицемер, ќе те остави на мир? Твоето континуирано зборување за нас е многу болен потсетник колку навистина сурова беше тогаш, а и сега. Да ти го разјаснам ова многу јасно (ако досега веќе не сум): „Ти не си мое семејство. Ти не си моја пријателка“. Затоа, ти пишувам последен пат да престанеш да ја експлоатираш нашата трагедија за да се претставиш како добра девојка!“, напишала Ким.

Додека пак, на пораката на Синтија Никсон, која ја играше Миранда Хобс во Сексот и градот, Ким одговорила љубезно:

„Синтија, ми значи што се јави. Ти благодарам на љубовта. Те сакам“.

– Ако некој во твојот живот, без разлика дали си со него во контакт или не, страда од која било причина, нормално е да сакате да изразите сочувство и тага или да им дадете до знаење дека мислите на нив – рекла Сара, пренесува „Ентертејмент тунајт“.

Со сосема јасна порака до бившата колешка, Ким завчера приложила и линк кој води до статијата во „Њујорк пост“ од октомври кој ја обвинува поради тоа што третото продолжение нема да биде снимено, а Сара Џесика Паркер ја прикажува како добра личност чиешто срце е скршено поради тој факт.

Нивните расправии почнале одамна околу парите. Имено, Сара Џесика поради главната улога во култната серија добила значајно поголема плата од останатите актерки, што Ким, чиј лик исто така стана легендарен, наводно им забележила на продуцентите, но и на колешката.

„Њујорк пост“ во статијата наведува дека дури и вториот дел од продолжението на филмот бил под знак прашалник, но дека „дивата“ Ким се согласила да снима дури откако добила поголема плата.

Меѓутоа, многубројни обожаватели и тоа на Ким Катрал изреагираа бурно критикувајќи ја актерката дека нејзиното обраќање до Сара било многу „грдо и сурово“, како и дека зад сето ова се крие само нејзината завист кон колешката од серијата „Сексот и градот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1