Кина гради нов град за 180.000 жители


Владата на Кина го одобри конечниот дизајн на градот кој од темел ќе почне да се гради на 4 километри долгиот брег на езерото Меикси. Кога ќе заврши изградбата на Meixi Lake City, таму ќе живеат 180.000 жители, а ќе покрива површина од 36 километри квадратни.

kina nov gradДизајнот на градот, кој го разви меѓународната компанија Kon Pedersen Fox Associates (KPF), за жителите ќе обезбеди површини за живот, рекреација, работа, забава и култура.

Според изјавите од KPF, нивниот дизајн за градот на брегот на езерото Меикси, има за цел поставување пример за балансиран живот на човекот и природата.

„Густо концентриран урбан план, полн со градби од различни видови и функционалности, е интегриран со планините, езерото, паркови и канали, што резултира со окружување кои го промовира доброто здравје и просперитет. Како нов центар во метрополскиот регион Чангша, Меикси Лејк Сити ќе претставува нов модел за кинеските градови”, велат од KPF.

Напредниот инженеринг со вклучена околина, цивилно планирање, планирање на градски зони и интегрирани градини и паркови се дел од вкупната стратегија на дизајнот на овој град”, стои во извештајот од KPF.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1