Неодамнешно истражување покажало дека припадниците на кинеските вооружени сили во просек се по два сантиметри повисоки и пет сантиметри пошироки во однос на војниците од пред 20 години, објавил Дневник на кинеска народноослободителна војска. Според ова, на војниците им е се потешко да влезат во некои тенкови кои се уште се во употреба, а кои се направени пред 30 години. „Опремата треба да се прилагоди на висината и тежината на денешните војници“ изјавил Динг Сонгтао кој го водел истражувањето. Порастот на тежината и висината кај Кинезите изминативе 20 години се објаснува со промената во исхраната, односно сега јадат повеќе месо, шеќер и масти и имаат попасивен начин на живот.