Кинеското Жолто море позелене (Фото)


Најголемото цветање на алги што некогаш е забележано во Кина, го претвори Жолтото море во зелено, а најверојатно е поврзано со агрикултурното и индустриското загадување.

Градските власти во Квингдау, со помош на булдожер отстраниле 7,335 тони алги од плажата.

Овој феномен станал редовен годишен настан во оваа област. Оваа година, алгите зафатиле површина од 29 илјади километри квадратни, што е двојно повеќе од најголемото цветање во 2008-та година.

CHINA-ENVIRONMENT-OCEANOGRAPHY-ALGAEЗа среќа, алгата „Enteromorpha prolifera“ не е отровна за луѓето и за животните.Меѓутоа, зелената прекривка преку морската површина може значително да влијае врз еко-системот. Покривката ја блокира сончевата светлина и испушта киселина во водата, што доведува до задушување на морските животни.

Алгите живеат од хранливите материи во морската вода. Бренда Паркер од Универзитетот Кембриџ, објаснува како ова цветање може да се поврзе со индустриските загадувања.

„Цветањето на алги обично следи после големо испуштање фосфор и нитрат во водата. Ова цветање покажува на драматичните промени во еко-системот, кои и не се многу природни. Тоа е индикатор дека нешто е променето“, изјавила Паркер.

tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1