Кингерот се урнал поради седум системски грешки


Експертот за воздухопловен сообраќај, Омер Кулиќ, денеска пред македонската јавност го презентираше извештајот за авионската несреќа во која пред десет година загина македонскиот претседател Борис Трајковски

Според Кулиќ, истрагата покажала дека до несреќата дошло поради седум системски грешки, кои меѓу другото, се поврзани со недоволната обученост на пилотите да управуваат со авионот во лоши временски услови какви што биле утрото кога македонската делегација требаше да слета во Мостар.

Boris-Trajkovski-630x418

Во такви услови, авионот се спуштил и под минималната дозволена висина, а она што требало да се направи е да се пренасочи авионот и да слета на некој друг аеродром, во Дубровник или Сараево.

Како што кажа Кулиќ, облачноста била на такво ниво што било невозможно пилотите да го видат аеродромот, а тоа го потврдува и откажувањето на летовите на претседателите на Србија и Хрватска кои требало да слетаат на истото место.

За потребите на истрагата бил направен и симултан лет на релација Скопје – Мостар со ист тип на авион како тој со кој се возел Трајковски. Летот, кој бил снимен, покажал дека пилотите на „кингерот“ немале доволно информации за нивото на облачноста. Инфромациите од аеродромот за временската состојба биле дадени после седум часот, а авионот полетал претходно.

Ова е втора истрага за авионската несреќа, а во неа, покрај експерти од просториите на поранешна Југославија, биле вклучени и експерти од Германија.

Владиниот „кингер“ се урна на 26 февруари 2004 година во близината на Мостар, каде што македонска делегација требаше да присуствува на Меѓународна конференција. Покрај претседателот Трајковски, загинаа уште девет лица, дел од неговиот кабинет, и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1