Сообраќајка кај Охрид – 6 годишно детенце меѓу повредените


Шест годишно дете е меѓу повредените во сообраќајната несреќа која вчера попладнето се случи пред Охрид при директен судир на два автомобили.

Според последните информации во несреќата повредени се седум лица кои се примени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Фото - Курир

Фото – Курир

-Кај нас се примени 7 пациенти од албанска националност. Имаме полесно и потешко повредени. Двајца пациенти се потешко повредени, а моментално се стабилни. Поставени се на мониторирање. Животно не се загрозени, а во овој момент ќе бидат на понатамошно следење, вели доктор Анкица Васовиќ, анестезиолог.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во изјава за Курир истакна дека до несреќата дошло откако автомобил „Шкода“ со охридски регистерски таблички кој се движел од Кичево кон Охрид, се излизгал на коловозот и преминал во спротивната лента, при што дошло до директен судир со „Опел корса“ со тетовски таблички.

Kurir.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1