Уапсен 26-годишен скопски газда


Финансиската полиција го уапси лицето С.С(26) од с.Љуботен, инаку сопственик и управител на Друштвото за трговија ОКТАГЕН КОМПАНИ ДООЕЛ од Скопје заради сторени кривични дела „Измама“ и „Фалсификување“

finansiska-policija-uapsen apsenje

Уапсениот С.С(26)  во својство на сопственик и управител на правното лице Друштвото за трговија ОКТАГЕН КОМПАНИ ДООЕЛ – Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист, до Управат за јавни приходи доставил фалсификувана ДДВ пријава во која прикажал невистинити податоци за влезниот промет, за наводно извршени набавки на стоки и услуги без притоа да постои соодветна документација(фактури) како и извршено плаќање на наводните добавувачи, ниту пак постои сметководствена евиденција, на кој начин успеал да ги измами односно да ги доведе во заблуда службените лица на УЈП по што противзаконски и неосновано извршил поврат на 43.000 евра ДДВ за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

Откако паричните средства од повратот на ДДВ му биле префрлени на сметката на фирмата, пријавениот С.С(26) веднаш си ги подигнал во готово и ги искористил за лични потреби.

Финансиската полиција веќе подолг врменски период трагаше по пријавениот С.С(26) но благодарение на соработката со Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје, истиот беше лоциран и уапсен.

Поради постоењето на опасност од повторување на  делото и опасност од бегство, Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје на пријавениот С.С(26) му изрече мерка притвор во траење од 30 дена по што истиот е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1