Кипар уништува хамбургери поради сомневање дека содржат коњско месо


hamburgerКипарски трговски синџир уништи повеќе од 16 тони говедско месо за хамбургери поради стравување дека во нив има и коњско месо, соопштија кипарските власти.

– Неименуван малопродажен синџир се одлучил на таква акција во јануари по почетокот на скандалот со коњското месо, продавано како говедско во Европа, изјави Христос Христу, кипарски здравствен инспектор.

Во дел од британски продавнции под етикета „говедско“ беше пронајдено коњско месо од кипарско производство. Христу рече дека на Кипар се уништени 16,5 тони говедски хамбургери, за кои се сомневале дека содржат коњско месо. Кипарските власти тврдат дека коњското месо не влегло на пазарите на островот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1